Висок холестерол кај деца

Сè почесто високиот холестерол не е само проблем на возрасните. Ваквата алармантна состојба е најизразена во САД по што Американската академија на педијатри апелира дека е потребно тестот за холестерол да почне да се прави по втората година, а најдоцна до десеттата година кај децата кои спаѓаат во групата со висок ризик:

Сè почесто високиот холестерол не е само проблем на возрасните. Ваквата алармантна состојба е најизразена во САД по што Американската академија на педијатри апелира дека е потребно тестот за холестерол да почне да се прави по втората година, а најдоцна до десеттата година кај децата кои спаѓаат во групата со висок ризик:

  • Доколку нивните родители или поблиски членови на семејството имале срцев удар или им се дијагностицирани затнувања на артерии или други болести на крвните садови.
  • Доколку во потесното семејство има историја на висок холестерол
  • Доколку има непозната историја на болести во семејството (посвоени деца) или оние кои имаат историја на болест како што е дијабетес, висок крвен притисок, прекумерна тежина.

За децата кои немаат ризик фактори се препорачува да направат тест за холестерол помеѓу 9 и 11 години и повторно помеѓу 17 и 21 година.

Што може да предизвика висок холестерол кај децата?

 Дебелината не е единствената причина за висок холестерол кај децата. Другите причини вклучуваат дијабетес, болести на црниот дроб, бубрезите или нарушување на работата на тироидната жлезда.

Високиот холестерол кај децата се открива со едноставен тест преку крвта. Доколку резултатите покажуваат покачен висок крвен притисок, истиот тест потребно е да се повтори за извесен период  за  да се потврдат резултатите.

Зошто е важно да го измерите холестеролот кај децата?

Еве неколку причини кои ќе ви укажат за важноста од мерењето на холестеролот на детето :

  1. Нивото на холестерол може да се покачи во периодот пред пубертетот и во раниот пубертет. Вредностите на холестеролот кои сте ги добиле пред овој период може да ви дадат подобра оцена за тоа колку треба да изнесува холестеролот во подоцнежните години.
  2. Раното откривање на високиот холестерол ќе му укаже на педијатарот дека треба да се следи детето и што поскоро да се променат неговите животни навики (исхрана, активност).

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!