Зошто е важно да внесуваме витамин Е?


Витаминот Е е еден од најдобрите антиоксиданси за нашиот организам, кој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Функцијата на слободните радикали е да ги оштетува клетките и ткивата во организмот и со тоа да го забрзува процесот на стареење и  појавата на болести, како што се кардиоваскуларните и малигните заболувања. 

sistina

Витаминот Е е еден од најдобрите антиоксиданси за нашиот организам, кој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Функцијата на слободните радикали е да ги оштетува клетките и ткивата во организмот и со тоа да го забрзува процесот на стареење и  појавата на болести, како што се кардиоваскуларните и малигните заболувања. 

Витаминот Е го спречува наталожувањето на ѕидовите на артериите, кинење на артериите и развивање на артеросклероза. Исто така, спречува и оксидација на мастите и оштетување на крвните садови и создавање холестерол. Се спречува и развивањето на кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека витаминот Е заедно со другите антиоксиданси од храната ( витамин Ц, бета-каротен и флавоноиди) претставува добра превентива од кардиоваскуларни заболувања, малигни заболувања, а придонесува за подобрување на општото здравје.

Каде го има витаминот Е?

Се смета дека депото на овој витамин се наоѓа во масното ткиво. Високи концентрации се наоѓаат во црниот дроб, срцето, мускулите, тестисите, матката, надбубрежната жлезда и хипофизата. Се ослободува бавно и за целосен терапевтски ефект се потребни два до три месеци. Се смета дека животните и човекот не се во состојба да го синтетизираат овој витамин. Витаминот Е се раствора во масти, а најбогатиот извор на овој витамин се пченичните никулци, односно нивното масло. Други прехранбени производи што содржат витамин Е се јајцата, оревите, лешниците, бадемите, спанаќот, семето на сончогледот и ладно цедените растителни масла (маслиново масло, пченкарно и маслото од соја).

Потребни дневни дози

Суплементите со витамин Е што се врз база на растителни масла поседуваат подобри апсорбирачки способности и подобро се искористуваат. Истражувањата покажале дека витаминот Е многу добро се апсорбира кога има присуство на храна отколку на празен желудник, со течности. Препорачаната дневна доза на природен витамин Е за возрасни е 15 милиграма.

Кога ни недостига витамин Е?

Во состојба со намалена апсорпција на масти, при ретки нарушувања на метаболизмот на мастите, може да дојде и до нарушување во апсорбирањето на витаминот Е. Симптомите од недостиг на витамин Е се слабост во мускулите, губење на мускулна маса, проблеми со видот. Хроничниот недостиг може да доведе до проблеми со бубрезите и со црниот дроб. Луѓето со намалена можност за апсорпција на масти може да имаат недостиг на витамин Е. Хроничните заболување, инфламаторно заболени црева, цистична фиброза, се некои од симптомите што можат да доведат до недостиг на витамин Е, поради намалена апсорпција од храна.

Витаминот Е се користи против стрес, озон, азот диоксид, пушење, оксидација, зрачење, стареење. Комбинацијата од витамините А, Ц и Е се користи за детоксикација на мозокот од тешки метали. Витаминот Е ги штити и белите дробови и нормално е таму да има висока концентрација на овој витамин. Овој витамин е релативно нетоксичен, но големи дози може да доведат до крвавење, а може да дојде и до намалување на ниво на витаминот К во организмот. Неговата апсорпција ја помагаат витаминот А, Б1, Б комплекс, Ц, Ф, фосфор, селен, манган, инозитол. Додека, пак, минералните масла, апчињата за контрацепција ја попречуваат.

Антиоксидативната одбрана на организмот е сложена, затоа, пак, концентрацијата на еден изолиран витамин не е најдобриот пристап. Експертите веруваат дека внесувањето на комбинација од антиоксиданси преку разновидна исхрана и додатоци на исхраната претставува најдобриот начин за правење на антиоксидативна заштита на организмот.
  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!