Кога веќе морате да пиете многу вода нека биде вкусна и збогатена со многу витамини. Нутриционистите осмислиле диетална вода која можете сами да ја приготвите, а тврдат дека ќе ослабете доколку редовно јапиете.
За да ја подготвите оваа напивка потребно ви е :
– Свежо парче ѓумбир
– 10 листови свежо нане
– една краставица
– еден лимон
– 8 чаши вода
Начин на подготовка :
Излупете го, ситно исечкајте го лимонот и ставете го во сад со 8 чаши вода. Истото направете го и со краставицата, нането и ренданиот ѓумбир. Сите состојки оставете ги да стојат во водата преку ноќта. Следното утро штом ќе почувствувате жед, пијте од оваа напивка и заборавете на густите сокови и лимонади. Доколку сакате да забележите резултати и да ослабете, морате овој напиток да го пиете најмалку 4 дена.