Вкусен есенски рецепт – печени јаболки со цимет

Рецепт за дијабетичари

Јаболкото е овошје кое изобилува со многу витамини и минерали. Можете да го најдете во текот на сите годишни времиња, но, сепак, најслатко и најубаво е во есен бидејќи есента е сезона на јаболките. Освен што е едно од нај консумираните и најпознати овошја кај нас, овој плод со себе носи и многу здравствени бенефиции бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта, го намалува ризикот од многу други болести и, како што сите знаете, помага во одржувањето на саканата тежина. Јаболкото е исклучително богато со минерални материи ( калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, и др) и витамини ( од групата Б, Ц, Е, ПП и фолна киселина).

Потребни состојки :

6 шолји ситно сечкани јаболки
1 ½ шолја брашно
½ шолја шеќер
1 пециво
1 јајце
½ лажичка цимет
½ шолја путер

Начин на подготовка :

Ставете ги парчињата јаболко во тава за печење и потоа врз нив посипете го шеќерот и циметот. Брашното и пецивото измешајте ги со јајцето и оваа смеса посипете ја врз јаболките. На крајот додадете го растопениот путер. Печете на температура од 160 степени во времетраење од 45 минути, додека јаболките не добијат златна боја.

Нема да можете да одолеете на мирисот и вкусот!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!