Воспаление на гласните жици – ларингитис


Лето е, а гласот ви е „фатен“ и не можете да зборувате. Причина за ова е ларингитисот. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања и одговори за ларингитисот:

Што е ларингитис?

Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор).

sistina

Лето е, а гласот ви е „фатен“ и не можете да зборувате. Причина за ова е ларингитисот. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања и одговори за ларингитисот:

Што е ларингитис?

Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор).

Кои се причинители на ларингитисот?

Ларингсот најчесто може да биде воспален од респираторни вируси (како parainflunca, adenovirusi, influenca), но причинители може да бидат и некои бактерии ( како Haemophillus influence, Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumonie), но и алергии. Се јавува во неколку дефинирани облици како :
-акутен катарален ларингитис
-акутен спастичен или субглотичен ларингитис
– опструктивен ларинго-трахеобронхитис
-дифтерија

Кои облици на ларингитис се најчести во детската возраст?

Во детската возраст најчест е акутниот катарален ларингитис кој е предизвикан од групата на респираторни вируси. Почнува постепено со знаци на воспаление на носот и гркланот (затнато носе, носна секреција, болно и осетливо грло, поткашлување). Општата состојба е лесно нарушена, но по неколку дена може да се надоврзат симптоми од страна на гркланот.

Покрај ова кај децата често се јавува и спастичкиот субглотичен ларингитис кој настанува поради спазам или стегање на мускулатурата околу гркланот. Се јавува одеднаш, обично ноќе, кога детето кое легнало здраво, по неколку часа спиење станува вознемирено, со отежнато дишење, зарипнатост и ларингеална кашлица. По смирување на нападот во следните неколку дена, присутна е зарипнатост и ларингеална кашлица. За појавата на овој облик на ларингитис одговорни се, покрај респираторните вируси, и конституционалните фактори. Поради тоа кај некои деца оваа состојба може да се повторува неколкупати. Почесто се јавува кај машки деца на возраст од 6 месеци до 4 години.

Како се дијагностицира ларингитисот?

Болеста и степенот на засегнување на дишењето се проценува според симптомите на пациентот, наодот од физикалниот преглед и лабораториските анализи. Причината за појава на ларингитисот се утврдува со дополнителни прегледи: микробиолошки, серолошки, алерголошки и оториноларинголошки преглед.

Како се лекува ларингитисот?

Со оглед на тоа дека најчести предизвикувачи се вирусите, нема специфичен третман, па целта на лекувањето е да се смири нападот на кашлица и тешко дишење со инхалаторна терапија и употреба на гликокортикоиди во вид на инјекции. Во потешки случаи потребна е инхалација на адреналин и кислород.
Исто така, треба да се смират родителите и секоја манипулација со детето да се сведе на минимум бидејќи стравот го зголемува стегањето на мускулатурата на ларингсот, што придонесува за влошување на симптомите. Полесните случаи се третираат амбулантски, додека болнички се третираат пациентите со потешко засегнување на дишењето, промена на бојата на кожата и свеста, како и оние пациенти кои не реагираат со смирување на тегобите со вообичаениот амбулантски третман. Болнички се третираат и случаите со треска и температура поради можен бактериски ларинготрахеит или придружна бронхопневмонија.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!