Воспаление на панкреасот

Воспалението на панкреасот може да е акутно, кое настанува нагло и може да трае со денови, и хронично, кое може да перзистира во долг временски период, а многу често претставува и дефинитивна состојба. Панкреасот е орган локализиран позади желудникот, во горната третина на стомакот. Неговата функција е од клучно значење во разградувањето на храната и во регулирање на метаболизмот на шеќерот во крвта. Ова заболување може да е со релативно лесна клиничка презентација, па сè до тешки облици со животно-загрозувачки компликации.

Симптоми на акутен панкреатитис

  • Болка во горните делови на стомакот
  • Болка која се шири во грбот
  • Болка која се интензивира по оброк
  • Гадење и повраќање
  • Болна осетливост на стомакот, покачена температура

Симптоми на хроничен панкреатитис

  • Болка во горни партии на стомакот
  • Губиток на телесна тежина
  • Дијареа, масна, смрдлива столица

Најчести причини за панкреатитис

  • Алкохолизам
  • Камења во жолчно кесе и жолчни патишта
  • Обилен и калоричен оброк
  • Покачени вредности на маснотии во крв, некои лекови, траума, медицински процедури
  • Инфекција, наследни фактори, карцином на панкреас и други поретки причини

Кога треба да се јавите на доктор?

Кога имате перзистентна стомачна болка која се шири кон грбот, гадење, повраќање, губиток на телесна тежина, долготрајни проливасти масни столици побарајте совет и преглед кај доктор. Доколку има сомнение за панкреатитис – лабораториски абнормалности, клиничка презентација, треба да се обратите кај гастроентерохепатолог кој ќе ги направи потребните лабораториски и визуелни медицински процедури за поставување дијагноза, ординирање на терапевтски план, како и совет за превентивно делување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!