Враќање на гласот по карцином на грло

Тотална ларингетомија е интервенција која се прави за да се отстрани карциномот на грло со  целосно отстранување на гркланот. Оваа интервенција остава низа последици кај пациентот, а најтешка последица од оваа интервенција е трајно губење на гласот. Но за среќа во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување на говорни протези.

Тотална ларингетомија е интервенција која се прави за да се отстрани карциномот на грло со  целосно отстранување на гркланот. Оваа интервенција остава низа последици кај пациентот, а најтешка последица од оваа интервенција е трајно губење на гласот. Но за среќа во последните 10 години се применува современа метода за рехабилитација на гласот со вградување на говорни протези.

Говорни протези

Говорнита протеза е нова метода, која може да се постави во текот на операцијата, 10 дена по операцијата, или секундарно, по неколку месеци или години. Овие протези се поставуваатпо хируршки пат по целосно отстранување на гркланот или по завршена зрачна терапија.

Како изгледаат говорните протези?

Тие се многу мали (6-12 милиметри) изработени од силиконски материјал и имаат неповратен вентил за да се спречи храната и плунката да се слеат во белите дробови. Трајноста на протезата е просечно 3-4 месеци, а потоа едноставно и безболно се заменуваат со нова. Со поставување на овие говорните протези овие пациентите повторно имаат можност да зборуваат. Индикација за нивно поставување е добрата психофизичка состојба на пациентот, широка трахеостома (отвор во душникот), добра функција на белодробното крило и добри хигиенски навики.

Карцином на грклан

Карциномот на гркланот сочинува 1-2% од сите карциноми, или кај 2-10 случаи на 100.000 жители. Од овој тип карцином мажите заболуваат 4-10 пати почесто отколку жените. Најчесто се јавува по педесеттата година од животот, а најголем ризик фактор за негова појава е пушењето. Кај пушачите ризикот од појава на овој тип карцином е 5-25 пати поголем. Како ризик фактори се споменуваат и гастроезофагеалниот рефлукс, иритацијата со хемикалии, азбест и сл.

Третман и дијагноза

Во третманот на карциномите на ларинксот постојат два вида на третман: хируршки третман и радиотерапија. Хемотерапијата се употребува најчесто како надополнување на хируршкото и лекувањето со радиотерапија. Типот и обемот на хируршкиот третман зависи од позицијата и големината на карциномот, како и од проширеноста на болеста. Зависно од големината на туморот и локализацијата оперативните зафати може да бидат функционални, кога се отстранува само туморот со дел од гласилката или цела гласилка (chordectomia). Постојат и функционални ларингектомии кај кој се отстранува туморот и дел од гркланот (парцијални хоризонтални и вертикални ларингектомии). Ако туморот е голем и во доцен стадиум, потребно е да се отстрани целиот грклан (тотална ларингектомија). Треба да се нагласи дека кај повеќето хируршки интервенции заради обезбедување на дишењето потребно е да се креира привремена или трајна трахеостома, отвор на вратот и дишникот низ кој пациентот ќе може да дише по операцијата. Доколку постојат и метастази во лимфните јазли на вратот, потребно е да се направи и селективна или радикална дисекција на вратот и да се отстранат лимфните јазли на едната или двете страни на вратот. По операцијата следи онколошки преглед и проценка за понатамошното лекување (радиотерапија, хемотерапија). Понекогаш туморот може да биде голем и да не може хируршки да се лекува. Во тие случаи единствен начин на лекување е зрачната терапија и хемотерапија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!