Посетата на гинеколог, за многу жени претставува стресен чин, но лекарите советуваат дека треба да се победи стравот и редовно да се оди на гинеколог.
Само со редовни гинеколошки прегледи и ПАП-тест, повеќето преканцерозни промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином. Секој карцином кој веќе се развил, со овие скрининг тестови ќе се открие во раните стадиуми, кога е и можно целосно излекување. Гинеколозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат како да се грижите за своето здравје.