Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјава и светот. 29 септември е светскиот ден на срцето, па затоа уште денеска закажете го вашиот кардиолошки преглед.
Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, има причинители кои едноставно не зависат од нас, но постојат и навики кои можете да ги промените и да ги намалите ризиците од можност за срцево заболување. Првата и основна работа која треба да ја запомните е редовната посета на кардиолог, па дури и тогаш кога немате никаков проблем. За тоа кога е време да го прегледате вашето срце, разговаравме со тимот кардиолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.