Вродени аномалии на бубрезите и уринарниот тракт кај децата

Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се присутни кај 0,5% бремени жени. Пренатална дијагноза и раните оперативни интервенции овозможуваат брзо решавање на аномалиите, но, сепак, тие се уште главна причина за откажување на работата на бубрезите во рана возраст. Според д-р Надица Ристоска Бојковска, педијатар - нефролог, конгениталните абнормалности на бубрезите и уринарниот тракт  ги вклучуваат аномалиите на бубрегот, на мочниот меур и уретрата, додека во конгенитални аномалии на долен уринарен тракт спаѓаат конгенитални дефекти на уретер, мочен меур и уретра.

Вродените аномалии на бубрезите и уринарниот тракт се присутни кај 0,5% бремени жени. Пренатална дијагноза и раните оперативни интервенции овозможуваат брзо решавање на аномалиите, но, сепак, тие се уште главна причина за откажување на работата на бубрезите во рана возраст. Според д-р Надица Ристоска Бојковска, педијатар – нефролог, конгениталните абнормалности на бубрезите и уринарниот тракт  ги вклучуваат аномалиите на бубрегот, на мочниот меур и уретрата, додека во конгенитални аномалии на долен уринарен тракт спаѓаат конгенитални дефекти на уретер, мочен меур и уретра.

Раното детектирање на аномалиите на бубрезите и уринарните патишта е најважен фактор за понатамошно навремено лекување на истите, како и за прогнозата и последиците кои може да се јават при нивно подоцнежно откривање.

Причини за развој на вродени аномалии на бубрезите

  • опструкција во долните уринарни патишта во бубрегот кај фетусот
  • абнормалности за кои се одговорни гени во развој на бубрегот
  • лекови или надворешни фактори, кои се пренесуваат од мајката на фетусот преку плацентата и влијаат на развојот на бубрегот кај фетусот

Развојот на бубрегот е комплексен процес и поминува низ серија од фази, а најкритичен период е меѓу 4. и 5. недела. Голем број новороденчиња со вродени аномалии имаат присутни и екстраренални дефекти (на други органи). Овие вродени аномалии се присутни кај 20-30% од пренаталните аномалии, или  1 случај на 500 раѓања.

Дијагноза

Ехосонографијатасе употребува за дијагностика на бубрезите и е одличен за евалуација на генито-уринарниот систем кај деца бидејќи е минимално инванзивна процедура, нема радијација, нема потреба од седација и не е скапа.

Радиолошки испитувања

Микциона цистоуретерографијае метода на преглед во која по внесување на контрасно средство во бешика се врши снимање на децата со уринарни инфекции. Се користи да го потврди или исклучи постоењето на везико-уретерален рефлукс (ВУР).

Радиоизотопни испитувања

ДМСА скен е снимање со кое  се прикажува големината, формата и позицијата на функционален бубрежен паренхим. Кај деца со уринарни инфекции често се присутни одредени дефекти на ДМСА.

Превенција на уринарна инфекција

Пациентите со везикоуретерален рефлукс  треба да се информирани за ризикот од уринарна инфекција, и за важноста од превенција и ран третман на уринарните инфекции. За рационално следење потребно е конзервативно следење со ехосонографски контроли.

Откажување на работата на бубрезите кај деца со тешки аномалии на бубрези

Оштетувањето на бубрезите кај деца е во голема мерка конгенитално отколку што порано се мислело. Вродените аномалии се главна причина за откажување на работата на бубрезите кај децата на возраст помала од 5 години, а со тоа и потреба за бубрежна трансплантација и дијализа.

На што да внимаваат трудниците?

Голем број фактори доведуваат до промени во интраутериниот развој посебно причинети заради висок внес на соли, мал протеински внес, мал внес на витамини, зголемено консумирање шеќери, пушење или нефротоксични лекови како кортикостероиди или гентамицин.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!