Колку порано започнете да се грижите за детските заби, толку поубава насмевка ќе има вашето дете кога ќе порасне. Грижата за забите почнува веднаш штом се појави првиот заб. Тие почнуваат да се појавуваат по шестиот месец од животот на бебето, и од тој момент четкањето на забите ќе биде ваша обврска се додека тоа не се научи само да ги мие запчињата. Практикувајте ја оваа секојдневна навика и вашето дете ќе има убава насмевка и здрави запчиња. За се што треба да знаете за хигиената на детските заби, одговор ни даде д-р Бљерта Зеќири Абдули, стоматолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.