Заблуди за акните

Акните се појавуваат поради нечистотија. НЕTOЧНО

Акните не се поврзани со нечистотијата. Ако размислуваме така, тоа би значело дека со чистење на кожата нема да се предизвикаат никакви иритации.
Акните се заразна инфекција. НЕTOЧНО
Акните не се заразна и инфективна болест. Тие играат улога во формирањето на бактерии кои веќе претходно биле присутни на кожата.

Акните се појавуваат поради нечистотија. НЕTOЧНО

Акните не се поврзани со нечистотијата. Ако размислуваме така, тоа би значело дека со чистење на кожата нема да се предизвикаат никакви иритации.
Акните се заразна инфекција. НЕTOЧНО
Акните не се заразна и инфективна болест. Тие играат улога во формирањето на бактерии кои веќе претходно биле присутни на кожата.

Акните се појавуваат како резултат на заболувања на црниот дроб. НЕTOЧНО
Акните не се поврзани со заболувањата на црниот дроб. По извршениот преглед, одлуката за дополнителни испитувања (хормонски) ја дава вашиот дерматолог. Појавата на акните не мора секогаш да биде проследена со дополнителни анализи.
Акните настануваат како резултат на конзумирање мрсна храна. НЕTOЧНО
Поврзаноста на акните и храната не е целосно потврдена. Доколку мозолчињата се појавуваат како резултат на храната, во тој случај потребна е контрола и следење на состојбата со акните на пациентот. Здравата храна ја препорачуваме за здравјето на целото тело.

Акните се козметички проблем, со текот на времето сами ќе се излекуваат. НЕTOЧНО
Ослободувањето од појава на акните и лузните само по себе е долгорочен и тежок процес, затоа акните не можат да бидат само козметички проблем. Исто така, може негативно да влијае врз психичката состојба и самодовербата. Денешната современа дерматологија нуди ефективни и прецизни методи кои го скратуваат времетраењето на третманот и даваат одлични резултати.

Лицата кои имаат акни не треба да се шминкаат. НЕTOЧНО
Не си легнувајте со шминка, извадете ја со соодветно средство. Се препорачува да се избегнува нанесување дебел слој течна пудра. Како алтернатива, може да користите пудра во прав која не предизвикува црнки, а со неа може да користите и руменило за лице.

Совети за справување со акни

• Кожата треба да се чисти 2 пати во текот на денот, наутро и навечер. Користете средство за чистење по препорака на вашиот дерматолог. Користите хидратантна крема за чувствителна кожа или медицински козметички креми кои се класифицирани во линијата на избор за акнеична и проблематична кожа.
• Лековите кои се користат за третман на акните можат да предизвикаат иритации на кожата. Лековите треба да ги земате според инструкциите на дерматологот. Непотребната или прекумерна употреба на лекови може да предизвика несакани последици.
• Чувајте ги лековите на лесно достапни и видливи места. Така нема да го пропуштите терминот за нивна употреба. Нивната употреба треба да биде ваше секојдневие, подеднакво како навиката за хигиена на забите.
• Не ги стискајте акните. Единствено, дерматологот може да ви даде препорака, како и да направи чистење на црнките во соодветно време.
• Кога купувате шминка, треба да обрнете внимание на составот ( некомедоген), кој не предизвикува појава на црнки. Пред спиење шминката треба да се отстрани.
• Избегнувајте контакт со мрсна коса особено на лицето, и избегнувајте производи кои ја прават косата мрсна. Лицата со сериозни акни треба да користат памучна облека.
• Бидете трпеливи за време на третманот за отстранување на акните, и не губете надеж. Првите резултати од третманот се појавуваат во првите 4 – 8 недели. Не се откажувајте.
• Сончањето е корисно за акните, но не претерувајте и не одете на солариум. За повеќето видови акни, сонцето е добар лек, но не заборавајте да побарате совет од вашиот дерматолог

Заедно со вас за здрава и негувана кожа

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!