Една од најпосакуваните работи е брзото согорување килограми бидејќи на тој начин брзо и едноставно ќе можете да ги намалите вишокот килограми. Покрај килограмите, телото брзо се ослободува и од токсините. Колку и да се обидувате да го промените вашиот метаболизам, треба да имате предвид дека тој првенствено зависи од неколку фактори како што се пол, возраст и генетска предиспозиција. На овие фактори не можете да влијаете. Во продолжение прочитајте што можете сами да направите за да го забрзате метаболизмот.
Зголемете ја мускулната маса
Телото континуирано согорува калории дури и кога седите. Ваквото согорување е уште поголемо кај луѓето со поголема мускулна маса. За пример ќе ви го посочиме фактот дека мускулно ткиво од околу 500 грама „троши“ 6 калории дневно за да се одржи, додека истото масно ткиво „троши“ само 2 калории. Ваквата мала разлика гледано долгорочно има голема разлика. Со зголемувањето и јакнењето на мускулите добивате можност за зголемување на стапката на забрзување на метаболизмот на дневно ниво, кое секако ќе има долгорочен ефект.
Пијте вода
За да ги согори калориите на вашето тело му е потребна вода. Во случај кога телото не е доволно хидрирано, брзината на метаболизмот се намалува. Истражувањата покажуваат дека лицата кои пијат осум чаши вода дневно согоруваат повеќе калории отколку лицата што пијат четири чаши дневно. За да останете доволно хидрирано во текот на денот, пијте вода или други незасладени пијалаци пред секој оброк. И внесувањето овошје и зеленчук што содржат вода се исто добар начин за правилна хидратација.
Избегнувајте ги енергетските пијалаци
Енергетските пијалаци содржат голема количина кофеин, таурин и аминокиселини, кои го забрзуваат метаболизмот. Но, од друга старана, истите состојки може да предизвикаат несакани ефекти како што е покачување на крвниот притисок, анксиозност и проблеми со спиењето. Од таа причина, не се препорачуваат за употреба, посебно не кај деца и тинејџери.
Поделете ги оброците
Кога јадеме големи оброци на големо временско растојание, метаболизмот забавува меѓу оброците. Малите но чести оброци го држат метаболизмот постојано „буден“. Затоа, потрудете се да јадете почесто помали оброци. Бројни истражувања докажуваат дека зачинетата храна делува позитивно на метаболизмот, па слободно зачинете го вашиот оброк.
Проетините побрзо согоруваат калории
Телото согорува повеќе калории при варењето на протеините, за разлика од мастите и јаглехидратите. Балансирајте ја исхраната, така што ќе преовладува храната богата со протеини како телешко месо, риба, бело месо, јајца, зрнеста храна. Намалете го внесот на масти.
Зелениот чај согорува 17 % повеќе калории
Бенефитот на зелениот чај во забрзувањето на метаболизмот се должи на комбинацијата од кофеин и катехин. Умереното вежбање комбинирано со редовно пиење на 2 до 4 чаши зелен чај го забрзува метаболизмот на тој начин што телото согорува дури до 17 % повеќе калории.