Задолжителни прегледи за 2019 година

Одржувањето на здравјето е првиот чекор за долг и квалитетен живот. Тоа што секој од нас треба да го направи на почетокот на годината е план на прегледи, кои задолжително треба да се направат согласно возраста. Навременото откривање на ризик факторите и нивна контрола можат да го спасат вашиот живот.

Одржувањето на здравјето е првиот чекор за долг и квалитетен живот. Тоа што секој од нас треба да го направи на почетокот на годината е план на прегледи, кои задолжително треба да се направат согласно возраста. Навременото откривање на ризик факторите и нивна контрола можат да го спасат вашиот живот. Во продолжение ви откриваме кои се задолжителни прегледи за оваа година :

Ехо и мамографија на дојки

Секоја жена треба еднаш месечно да прави самопреглед на дојките и внимателно да ги открива сите промени на нив. Ваквите промени се чувството на присуство на грутки во дојките или во пазувите, промена на големината или обликот на дојките, секреција од брадавицата и менување на бојата на кожата на дојката или на ареолата.

„Покрај редовните самопрегледи, секоја жена над 25 години мора редовно да прави ехо прегледи, а над 36-40-годишна возраст еднаш годишно мамографски прегледи на дојка. Мамограмите се ниски дози на х-зраци и можат да детектираат мали димензии на тумори, кои не можат да се напипаат и немаат никакви симптоми. Но, најважно е што овие тумори во голем процент може да се излекуваат“, објаснува д-р Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по дојка.

Гинеколошки преглед

Посетата на гинеколог за многу жени претставува стресен чин, но докторите советуваат дека треба да го победите стравот и редовно да одите на гинеколог. Само со редовни гинеколошки прегледи и ПАП тест повеќето преканцерозни промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином.

„Папаниколау (ПАП) тестот е едноставен и безболен метод со кој се зема материјал од грлото на матката и вагиналниот свод. Со микроскопска анализа на клетките можат да се откријат воспаленија, нивни предизвикувачи, бенигни и малигни клетки и други цитолошки промени. Посетата на гинеколог треба да биде околу 10 до 20 дена по првиот ден од циклусот. Најмалку 2 дена пред посетата на гинекологот не треба да се користат вагинални креми, лекарства, тампони, пудри или дезодоранси, ниту, пак, да се има сексуален однос. Секоја жена барем еднаш годишно треба да направи ПАП тест, а доколку пациентката е со висок ризик, ПАП тестот треба задолжително да се прави двапати годишно“, објаснува д-р Елизабета Матевска Атанасовска, гинеколог акушер.

Дерматоскопски преглед на бенки

Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа. Најголем ризик од овој тип канцер имаат лицата под 40-годишна возраст, особено жените. „Доколку навреме се откријат првите знаци, пред канцерот да се прошири, лекувањето е успешно. Во последните неколку години значително е зголемен бројот на пациенти со карцином на кожа, а една од причините е и нередовното следење на бенките. Затоа се препорачуваат редовни самопрегледи на бенките, како и дерматолошки преглед еднаш годишно, особено пред изложување на сонце“, објаснува д-р Андреј Петров, дерматолог.

Колоноскопија

Карциномот на дебелото црево се развива од полипи-аденоми кои се јавуваат на слузокожата на дебелото црево. Карциномот може да се превенира доколку со колоноскопија навреме се откријат полипи-аденоми и отстранат, пред да преминат во канцер.

„Колоноскопијата е единствениот преглед при кој со флексибилна туба, на која има поставено камера, се гледа внатрешноста на дебелото црево и се откриваат полипите и карцином на дебело црево. Доколку се откријат промени како полипи, истите се отстрануваат во еден акт за време на колоноскопијата. Секој маж и жена на возраст помеѓу 50 и 60 години доколку имаат колоноскопски тегоби, фамилијарна историја или други тегоби на колонот мора да направат колоноскопија како единствена метода во превенција и навремено откривање на овој карцином“, објаснува проф. д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог.

ПСА, ехо и ректален преглед на простата

Карциномот на простата е еден од најчестите тумори кај машката популација. Главен ризик фактор е возраста. Ризикот е поголем доколку еден или повеќе членови во семејството имал карцином на простата.

„Еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж над 50 години е прегледот на простатата, кој се состои од ехо и ректален преглед на простатата. Составен дел од овој ’машки пакет’ е и одредувањето на ПСА во крвта. Ова е еден вид туморски маркер кој може да открие присуство на карцином во простата во многу рана фаза. Кај мажи со семејна историја за карцином на простата, како и кај пушачи овие прегледи треба да почнат да се спроведуваат веќе од 45. година“, објаснува проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог.

Total body check-up на моќниот MRI 3 Tesla

MRI 3 Tesla е најсовремена технологија која овозможува скрининг на целото тело со само едно снимање, без зрачење и несакани ефекти. MRI 3 Tesla овозможува комфор при снимањето и дава јасна и прецизна слика на целото тело за само 1 час.

„Услугата Total body MRI 3Т светските медицински центри ја користат како најефикасен check-up метод за рана дијагноза, како и за увид и проценка на состојбата на сите органи и системи, вклучувајќи ги и крвните садови.Резултатите од снимањето се разгледуваат од страна на мултидисциплинарен тим специјалисти“, вели д-р Душко Михајлоски, радиолог.

Единствено во Клиничката болница  „Аџибадем Систина“ имате ексклузивна можност да направите целосен преглед на вашето тело и да добиете комплетна слика за вашето здравје.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!