Заштитете се од инфекција со Ешерихија коли

Ешерихија коли е бактерија која нормално живее во цревата на луѓето и животните. И покрај тоа што одредени типови на бактеријата се безбедни и ги има во здравиот дигестивен систем, постојат и типови на Ешерихија коли кои предизвикаат труење на организмот. Симптомите на труење се слични со стомачниот вирус, но честопати знаат да дадат потешки симптоми и може да траат многу подолго од една обична вирусна инфекција на цревата.

Јадење недоволно термички обработено месо или производ контаминиран со Ешерихија коли е најчестата причина за зараза.

Симптоми

Симптомите на труење се појавуваат 3 до 5 дена од внесувањето на заразената храна. Главните симптоми се  стомачни грчеви и дијареа. Како компликација може да се јави и крвава столица, која бара итна медицинска реакција. Посебно внимание бараат лицата со слаб имунитет, како што се децата, постарите лица, лицата кои примаат хемотерапија и бремените жени. Ешерихија коли може да доведе и до хемолитичен уринарен синдром при што токсините од бактеријата може да преминат во крвната циркулација и да предизвикаат оштетувања на бубрезите.

Како да се заштите од зараза со Ешерихија коли

Со оглед на сериозните компликации кои ги предизвикува, научете како да се заштитите себе и семејството:

Често миење на рацете, кујнската површина и приборот

Темелно мијте ги рацете од двете страни, помеѓу прстите и под ноктите. Кујнската површина и прибор чистете ги со топла вода и средство по секоја употреба. Мијте ги темелно зеленчукот и овошјето.

Термички обработете ја храната

Правилната термичка обработка може да ве заштити од оваа опасна бактерија, посебно добрата термичка обработка на месото, кое спаѓа во главни извори  на зараза.

Разделувајте ја храната за да избегнете контаминација

Месото, јајцата и морските плодови чувајте ги на посебно место и не  мешајте ги со другата храна. Ова важи за во фрижидерот, за време на подготовка на храната или во кошницата додека пазарувате. На тој начин нема да направите вкрстена контаминација доколку еден од овие продукти е заразен.

Местото на храната ѝ е во фрижидер

Ставајте ја храната во фрижидер, особено онаа која е лесно расиплива. Внимавајте на рокот на употреба на намирниците и водете сметка дали некоја од нив е веќе предолго во фрижидерот. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!