Здрав имунолошки систем е основен предуслов за здравје!

Здрав имунолошки систем е основниот предуслов за добро здравје на човекот, долг и квалитетен живот. Основен предуслов за здравје во сезоната кога многу често се јавува грип и настинки е добриот сон и одмор, правилна исхрана, што помалку стрес, умерена физичка активност. Различните видови мултивитамини и мултиминерали служат да го дополнат потребното количество на одредени витамини и минерали, доколку во организмот постои нивен недостиг.

sistina

Здрав имунолошки систем е основниот предуслов за добро здравје на човекот, долг и квалитетен живот. Основен предуслов за здравје во сезоната кога многу често се јавува грип и настинки е добриот сон и одмор, правилна исхрана, што помалку стрес, умерена физичка активност. Различните видови мултивитамини и мултиминерали служат да го дополнат потребното количество на одредени витамини и минерали, доколку во организмот постои нивен недостиг.

Доколку организмот е добро подготвен, и доколку го има потребното ниво на антиоксиданси (витамин Ц, витамин Е, цинк), многу се помали можностите да дојде до развој на инфекција. Постојат и природни имуностимулатори што доведуваат до зголемување на нивото на одбранбениот имунитет во телото. Тоа може да бидат ехинацеа, прополис, матичен млеч.

Добрата функција на имунолошкиот систем е неопходна за зачувување на здравјето. Имунолошкиот систем прави природна бариера која спречува продор на микроорганизмите и развој на бактерии, вируси и габични инфекции. Имунолошкиот систем исто така има улога да го спречи формирањето и ширењето на малигните клетки, кои ако не се исфрлат навреме може да доведат до појава и развој на канцер.  Станува збор за сложен систем чија функција е да го зачува здравјето.

Доколку дојде до грешка и овој систем почне нормалните и корисни материи да ги распознава како „штетни“, тогаш доаѓа до појава на алергија. Во овие случаи доаѓа до реакција на имунолошкиот систем, која се манифестира со затнување на носот, зголемено лачење секрет, кивање, кашлање, осипи, чешање на очите.

Намален имунолошки систем доведува до појава на инфекција

Ако дојде до нарушување на имунитетот, односно ослабување на природниот механизам за одбрана, организмот станува подложен на вируси и бактерии. Секојдневно нашиот имунолошки систем доаѓа во контакт со многу бактерии, вируси, малигни клеткисо кои успешно се бори. Ако имунолошкиот систем ослаби, организмот не успева да се избори со сите овие надворешни фактори и тогаш доаѓа до појава на болест. Некои билки имаат својство да го стимулираат имунолошкиот систем да произведува одбранбени клетки кои се борат со вирусите, бактериите, малигните клетки. Доколку организмот не успее да создаде потребен број клетки за одреден вид вируси или бактерии, напаѓачите ќе добијат можност да се размножат и да доведат до појава на болест.

Децата се тие кои имаат слаб имунолошки систем, кој поради нивната возраст сèуште не е доволно развиен и многу често подлегнуваат на инфекции. Како последица на ова се јавува претерана употреба на антибиотици, па што следи развој на резистенција. Корисно е да го зајакнете имунитетот кај децата со употреба на прополис, Ц витамин, ехинацеа, рибино масло, како и внес на големи количини овошје и зеленчук.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!