Здрав појадок без глутен за Б крвната група
Потребни состојки:
– 1 1/2 чаша бадемово брашно
– 1/2 чаша брашно од просо
– малку сол
– 1/2 лажичка мелен цимет
– 1 чаша ореви
– 1 чаша суво овошје
– 1/4 чаша масло
– 1 лажичка ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 140° C. Ставате ги сите состојки во голем сад, убаво ги промешувате дури не добиете хомогена смеса. Во тавата за печење ставете хартија за да не ви се залепи сместа и печете 30 минути. Пред да ја извадите од рерна уште еднаш промешајте и оставете да се допече уште 10 минути.
Уживајте!