Здрава храна која ќе ви помогне да ја намалите тежината

Формулата за намалување на тежината е едноставна, јадете помалку калории а трошете повеќе. Доколку постојано сте во потрага по храна која ќе ве држи сити подолго време, а од друга страна е богата со сите потребни хранливи материи тогаш прочитајте ја листата на наши предлози.

Формулата за намалување на тежината е едноставна, јадете помалку калории а трошете повеќе. Доколку постојано сте во потрага по храна која ќе ве држи сити подолго време, а од друга страна е богата со сите потребни хранливи материи тогаш прочитајте ја листата на наши предлози.

Грав

Богат со растителни влакна и протеини гравот е број еден намирница на нашата листа. Дополнителна предност е што не е скап и лесно достапен во текот на цела година. На организмот му е потребно подолго време за варење на гравот, така што ќе ве спречи да посегнете по друга храна.

Супа

Започнете го оброкот со супа. Без разлика дали е бистра или крем, супата ќе направи да се чувствувате сити, па ќе можете да оставите дел од главниот оброк.

Темно чоколадо

Иако сметате дека чоколадото е на црна листа, резултатите на една студија покажале дека јадењето црно чоколадо ќе ви помогне да ја намалите тежината.  Испитаниците кои јаделе црно чоколадо, по неколку часа изеле 15% помалку пица, за разлика од оние кои јаделе млечно чоколадо.

Пире од зеленчук

Одберете било каков динстан зеленчук и направете си пире. Ќе добиете здрав оброк кој ќе ви заштеди калории.

Јајца за појадок

Појадокот богат со протеини ќе ве држи сити во текот на денот. Тоа го потврди и истражувањето изведено врз две групи на жени со прекумерна дебелина. Ефектот на ситост постигнат со протеинскиот појадок се покажал како подолготраен кај жените кои имале јајца за појадок, за разлика од другата група на жени кои јаделе житарици.

Јаболки

Јадењето на свежо овошје заситува повеќе за разлика од пиењето на овошен сок. Затоа, наместо да го ставите во соковникот, изедете го јаболкото свежо. Свежото овошје содржи повеќе растителни влакна. Дополнително, кога џвакаме испраќаме сигнали до мозокот дека јадеме.

Јогурт

Јогуртот има извонредни резултати за намалување на обемот на половината. Студија на Универзитетот „Харвард“ во која биле вклучени повеќе од 120.000 луѓе кои биле следени десет години, покажала дека јогуртот најмногу помага во намалувањето на тежината од сите други намирници кои биле дел од истражувањето.

Купувајте паметно

Пред да одите да купувате, направете список на намирници кои ви се потребни. Така ќе ги купите само работите кои ви се потребни, без да отидете на рафтовите каде што стојат чипсовите и слатките.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!