Денес низ супермаркетите и пазарите имаме голем избор на разновидна храна за која би се обложиле дека е здрава и дека ги содржи сите потребни состојки за нашиот организам. Но, сепак, не е така како што изгледа.
Тестенини
Бело брашно, вода и јајца е тоа што го добивате доколку јадете тестенини. Ова значи дека конзумирајќи ја оваа храна вие не внесувате ниту витамини, минерали или, пак, диетални влакна. Со други зборови, јадете непотребни состојки во сите форми на тестенини.
Бел леб
Едноставно, ги јадете погореспоменатите состојки кои ги има во паста, но овој пат во форма на леб.
Диетални газирани пијалаци
Овие пијалаци честопати можат да бидат и поопасни од оние со шеќер. Причината за ова се токму вештачките засладувачи кои можат да го зголемат ризикот за некои видови канцер.
Сос од соја
Овие сосови се преполни со сол и други хемиски материи кои го зголемуваат ризикот од појава на многу видови канцер.
Миксови за супа
Станува збор за вештачки микс полн со сол и конзерванси кои се главни причинители за срцеви заболувања.
Кечап
Една полна лажица кечап може да биде синоним за полна лажица шеќер измешана со малку сол. Оваа комбинација е штетна за вашето здравје.
Овошни сокови
Овошните сокови купени од супермаркет се полни со шеќер и разни конзерванси. Внесувајќи ги овие сокови само мислите дека ги внесувате потребните диетални влакна и витамини, но се лажете.