Здраво чоколадо

Многумина кога се на диета и сакаат да ја намалат телесната тежина на чоколадото гледаат како на „забрането овошје“. Сепак, верувале или не, тоа може да стане дел од нивната секојдневна исхрана, се разбира, под услов да не се внесува во големи количини. Најпрвин треба млечното чоколадо да го замените со темно чоколадо, со што ќе се потрудите да го купите тоа што содржи најголем процент на какао. Изборот на здраво чоколадо не само што претставува замена за млечното, во однос на задоволување на потребата за благо, туку може да содржи многу корисни состојки како што се антиоксидантите.

Овa чоколадо се разликува во однос на нивото на шеќер кое го содржи. Способноста за контролирање на внесот на шеќер помага во намалувањето на ризикот од хроничните здравствени проблеми, како што се срцевите заболувања и склоноста кон дебелеење. Екстратемното чоколадо, направено од 70%-85% какао, содржи само 6.7 грама шеќер, додека умерено темното чоколадо, направено од 60%-69% какао содржи 10.3 грама. Овие два типа чоколадо се многу подобра опција од млечното кое содржи 14.4 грама шеќер во два реда. За таа цел, најчесто бирајте го темното чоколадо со цел да го одржувате потребното ниво на шеќер во телото, 34 грама кај мажите и 24 грама кај жените.

Диетални влакна

Главно, колку е потемно чоколадото, толку истото е побогато со диетални влакна.  Причината за тоа е какаото, кое е богато со диетални влакна, а колку што е потемно чоколадото, толку е позастапено какаото во него. Храната со диетални влакна ве прави да се чувствувате полни во текот на денот. 30 грама темно чоколадо содржи 3.1 грама диетални влакна.

Бакар и магнезиум

Во зависност од нивната минерална содржина, потемните чоколади ни обезбедуваат многу здравствени придобивки, а посебно бакар и магнезиум. Бакарот и магнезиумот во вашата исхрана ги активираат ензимите потребни за функцијата на ткивата. Бакарот го подобрува имунолошкиот систем, додека магнезиумот ја олеснува комуникацијата на клетките. 30 грама темно чоколадо во денот ни обезбедува неверојатни 494 микрограми бакар и 64 милиграми магнезиум. Тоа значи дека овие два реда чоколадо задоволуваат 20% од нашите дневни потреби на бакар, додека кај повозрасните 55% од потребната количина.

Корисен полифенол

Потрудете се да го најдете најтемното чоколадо со цел да се снабдите со највисоката доза на корисни полифеноли. Овие состојки помагаат во намалувањето на липидната оксидација која е ризик фактор за срцевите заболувања, помагаат во заштитувањето од формирање на тромбови и го подобруваат протокот на крв. Покрај тоа, овие состојки играат голема улога во подобрувањето на менталното здравје со тоа што го зајакнуваат серотонинот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!