Потребни состојки:
1 марула
5 ротквици
2 млади кромитчиња
1/2 шолја оцет
маслиново масло
Мелен бибер
Сол
Начин на подготовка:
Добро измијте ја салатата и исечете ја. Кромидот и ротквиците исчистете ги и исечете ги на кругови и ставете ги во ист сад со марулата. Додајте оцет и маслиново масло и посолете и ставете бибер по вкус.
Ротквиците содржат калиум кој помага за концентрација и е одговорен за здравјето на нервите и мускулните влакна во телото. Но, го подобруваат и варењето на храната, штитат од вирусни инфекции, го детоксираат телото и богати се со витамин Ц.
Со витамини и минерали изобилува и младиот кромид. Тој содржи големо количество витамин Ц, но и витамини од Б групата, витамин Е и провитамин А. Одличен е за здравјето на срцето затоа што го запира настанувањето на масните наслаги и чува од затнувањето на крвните артерии и создавање тромбоза. Младиот кромид ќе им помогне и на луѓето кои имаат проблеми со шеќер во крвта благодарение на хипогликемиско делување.