Зголемената жед е еден од првите знаци на дијабетесот

Дијабетесот е една од најчестите болести денес. На почетокот симптомите се суптилни и невидливи и речиси еден од тројца луѓе воопшто и не знаат дека го имаат. Оваа хронична состојба го спречува телото да ги користи јаглехидратите во храната, а крајниот резултат е покачување на нивото на шеќер во крвта. Со текот на времето вишокот на шеќер во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, губење на видот, оштетување на нервите и органите и други сериозни пореметувања. 

Дијабетесот е една од најчестите болести денес. На почетокот симптомите се суптилни и невидливи и речиси еден од тројца луѓе воопшто и не знаат дека го имаат. Оваа хронична состојба го спречува телото да ги користи јаглехидратите во храната, а крајниот резултат е покачување на нивото на шеќер во крвта. Со текот на времето вишокот на шеќер во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, губење на видот, оштетување на нервите и органите и други сериозни пореметувања. 

Симптоми

Симптомите од оваа болест на почетокот се незабележителни, но кога ќе се појават, еден од првите може да биде зголемена жед. Овој симптом најчесто е проследен со сува уста, зголемен апетит, зачестено уринирање, како и нагло зголемување или намалување на телесната тежина. Како што се зголемува нивото на шеќер може да следат симптоми од типот на главоболка, заматен вид и замореност. Во повеќето случаи дијабетесот од типот 2 не се открива се додека не остави забележлива дамка по здравјето, од типот на рани кои бавно се лекуваат, зачестена појава на габични инфекции или воспаленија на уринарниот тракт и чешање, особено во пределот на слабината.

Ризик фактори

Покрај возраста и семејната историја, постојат ризик фактори кои можеме да ги контролираме преку откажување на лошите навики со кои секојдневно се соочуваме. Прекумерната тежина, нездравиот живот, пушењето, преработеното месо, и високото ниво на холестерол и масти  во храната можат да го зголемат ризикот од ова заболување. Кај некои жени во текот на бременоста може да се јави таканаречен гестациски дијабетес кој подоцна може да премине во дијабетес тип 2. Исто така, жените чив плод е потежок од 4 килограми се под ризик од ова заболување, како и оние кои некогаш во животот имале синдром на полицистични јајници.

Како работи инсулинот?

Во здравиот организам, инсулинот помага во претворањето на храната во енергија, на најефикасен начин. Желудникот има улога да ги разложува јаглехидратите од храна во шеќери. Потоа глукозата влегува во крвотокот, со што го стимулира панкреасот да ослободува инсулин во соодветна количина. Хормонот инсулин и овозможува на глукозата да навлезе во клетките. Вишокот на глукоза се складира во црниот дроб. Кај дијабетесот тип 2 клетките не ја апсорбираат соодветната количина на глукоза. Тоа значи дека нивоата на глукоза во крвта се покачени.

Дијагноза и третман

Ова заболување може да се открие со крвна слика. Овој тест го прикажува просечното ниво на глукоза во крвта во минатите 2-3 месеци. Нивото повисоко од 6,5%  може да биде индикација за дијабетес. Но, постои можност да се заштитиме од ризиците за ова заболување. Најпрвин треба да се внимава на исхраната и да се одржува телесната тежина. Луѓето кои патат од дијабетес тип 2 треба внимателно да го мониторираат внесот на јаглехидрати, протеини и масти.

Вежбањето, исто така игра голема улога во спречувањето на ова заболување. Рутинските вежби, од типот на одење во теретана или редовно пешачење ја подобруваат употребата на инсулин од страна на телото и ги помагаат во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Вежабањето, исто така ги намалува телесните масти, го намалува крвниот притисок и штити од срцеви заболувања. За оваа група на луѓе, препорачливо е вежбање од 30 минути во текот на денот.

Една од причините може да биде и стресот, па затоа задолжително е да пробате да се ослободите од него. Стресот го покачува крвниот притисок и ги зголемува нивоата на шеќер во крвта.

Доколку не можете да го регулирате нивото на шеќер во крвта на овие начини, тогаш во терапијата можете да додадете и лекови.

Компликации од дијабетис тип 2?

Колку подолго време ја носите оваа болест, а притоа не ја лекувате соодветно, толку се поголеми шансите од развивање на хронична болест на бубрезите. Високото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети малите крвни садови кои ја снабдуваат ретината со кислород и хранливи состојки. Оваа состојба е попозната под името дијабетска ретинопатија и може да предизвика губење на видот.

Со текот на времето, неконтролираниот дијабетес и зголеменото ниво на шеќер во крвта можат да предизвикаат чувство на трнење во пределот на прстите, рацете и стапалата. Во полош случај оштетувањето на нервите на стапалото мо
же да биде толку сериозно, што може да дојде до повреда на стапалото како резултат на слаб доток на крв. Оваа состојба може да резултира со рани на стапалото, а понекогаш и гангрена.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!