Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.
Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2, а особено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6). Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.
Благодарение на овие материи, како прилог во оброкот бамијата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за оние кои треба да одржуваат нормално ниво на гликоза во крвта. Благодарение на огромното ниво на пектини, бамијата помага во намалувањето на холестеролот во крвта до 10%. Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот (меморија).
Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.