Зошто имам грчеви во нозете?

Секој мускул во телото без разлика дали додека е активен или во мирување може да го зголеми тонусот и да биде во грч (спазам). Најчесто ваквите грчеви ги чувствуваме на нозете и рацете и можат да бидат предизвикани од многу причини. Прочитајте кои се најчестите причини и обидете се да ги елиминирате.

Секој мускул во телото без разлика дали додека е активен или во мирување може да го зголеми тонусот и да биде во грч (спазам). Најчесто ваквите грчеви ги чувствуваме на нозете и рацете и можат да бидат предизвикани од многу причини. Прочитајте кои се најчестите причини и обидете се да ги елиминирате.

Намален внес на течности. Една од најчестите причини за грчеви во мускулите е намален внес на течности, особено вода во текот на денот.

Недоволен внес на хранливи материи. Балансот на електролитите во телото (калциум, натриум, калиум и магнезиум) е важен за контракција и опуштање на мускулите. Честопати земајќи различни суплементи го нарушуваме ваквиот баланс кој води до појава на згрченост на мускулите. Наместо додатоци, внесувајте овошје и зеленчук во различни бои. За правилен баланс на електролити особено е важно да јадете лиснат зеленчук и банани.

Лекарства. Честопати несакан ефект од пиењето лекарства е и појава на грчеви во мускулите. Бидете внимателни доколку забележите грчеви во мускулите по воведувањето нов лек и известете го вашиот лекар. Мускулни грчеви најчесто даваат лекови од типот на статини и диуретици.

Недоволна активност или преголем напор. Физичката неактивност или наглото оптеретување на мускулите може да доведе до грчеви.  За да ги избегнете, имајте навика да ги истегнувате мускулите пред вежбање или после туширање. Вежбајте умерено, така нема да предизвикате оптеретување на мускулите.

Слаба циркулација.  Доколку имате грчеви кои се зголемуваат додека се движите, може да се работи за проблем во циркулацијата. Ако грчевите не се намалуваат со текот на времето, посетете доктор.

Неправилни чевли. Тесните и неудобни чевли може да бидат причина за болка и грчеви во мускулите. Доколку забележите грчеви во мускулите на нозете и стапалата кои се јавиле по носењето нови чевли, тогаш сменете ги чевлите и внимавајте при изборот на обувки.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!