Зошто, како и кога да пиете чај од ѓумбир?

Ѓумбирот е корен кој содржи низа хранливи материи. Често се консумира како чај, во кој можете да додадете мед или лимон само за да го подобрите неговиот вкус. Предностите на чајот од ѓумбир се многубројни за многу состојби и болести. Една од најпознатите предности е намалувањето на мачнината и тегобите. Само една шолја чај може да ги намали мачнините предизвикани од патувањето или утринските мачнини за време на бременоста. Се препорачува една шолја чај да се напиете пред да тргнете на пат.

Помага при варењето на храната

Чајот од ѓумбир е многу ефикасен и помага за полесна апсорпција на хранливите материи од храната. Исто така, ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, но го регулира и апетитот. 

Го зајакнува имунолошкиот систем

Чајот од ѓумбир содржи антиоксиданси кои помагаат за подобрување на имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека овој чај превенира и од карцином.

Ги ублажува менструалните болки

Моќниот чај од ѓумбир помага и при ублажување на менструалните болки  и грчеви, а облогите од чајот можат да ги опуштат и релаксираат стомачните мускули.

Го намалува стресот

Овој чај има смирувачко дејство и го намалува стресот и напнатоста. Тоа е поради неговите специфични и јаки ароми и лековити својства.

Ја зголемува плодноста

Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.

Останати предности

  • Се бори против инфекции
  • Спречува непријатен мирис
  • Го забавува растот на канцерогени клетки
  • Го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот
  • Помага при детоксикација

Како да направите чај од ѓумбир?

За да го подготвите чајот од ѓумбир потребен ви е свежа и филтрирана вода. Другите состојки се по желба, но вкусот можете да го подобрите со малку мед или лимон. На 2 шолји вода се додава 1 лажичка рендан ѓумбир.  Оставете да отстои 10 минути и процедете. За да не претерате со консумација на чајот имајте предвид дека се препорачува по 2 грама ѓумбир за килограм телесна тежина.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!